Заштитната функција на кожата кај бебиња не е целосно развиена при раѓањето. Потребна е стабилна pH вредност од 5.5 за да се развие. Оваа pH вредност помага да се заштити деликатната кожа на вашето бебе од сувост и иритација. Sebamed производите за нега на бебешка кожа се формулирани точно со pH вредност 5.5 за да го поддржат создавањето на оваа витална одбрана уште од самиот почеток.
Овие производи во својот состав содржат внимателно одбрани препарати за нега на бебешката кожа како алантоин, аминокиселини, бисаболол, екстракт од камилица, пантенол, соино масло. Ги надокнадуваат потребите за липиди и влажност на кожата и се 100% без сапун и алкални компоненти.
Сите Sebamed Baby Care производи се дерматолошки тестирани и се со низок ризик од алергиски реакции.